/ Прочитано:

1.529

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јули 2021 година

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец јули 2021 година, заедно со табеларниот преглед.

На 1 јули стапуваат во примена одредби од Законот за електронските комуникации, а во врска со цените за меѓународен роаминг и завршување на меѓународни повици

На 1 јули стапуваат во примена и одредби од Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија кои се однесуваат на важноста на пасошите.

Исто така, на 1 јули стапуваат во примена одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со јазикот во образецот за возачката дозвола.

На 6 јули стапуваат во примена одредби од Законот за здравственото осигурување кои се однесуваат на користење на лекови кои паѓаат на товар на Фондот врз основа на електронски рецепт.

На 27 јули стапуваат во примена одредби од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија кои се однесуваат на електронското и печатеното издание на весникот.

 Табеларен преглед