Распоред за полагање правосуден испит во априлската испитна сесија

Министерството за правда денеска го објави распоредот за полагање правосуден испит во априлската испитна сесија.

Студентите ќе полагаат теоретски дел по трудово право на 3 и на 4 април. Испитот по трговско право е закажан за 10 и 11 април. Испитот по кривично право е закажан за 12 и 13 април. Испитот по уставно уредување, управно право и меѓународно право е закажан за 24 и 25 април, а испитот по граѓанско право е закажан за 27 и 28 април.