/Прочитано:

1.013

Што претставува кризната состојба

„Кризна состојба” е состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција и/или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси, се пропишува во Законот за управување со кризи.

Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел.

Сериозноста на ризикот треба да биде од таква природа на зафатеност на подрачјето или добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на дел од неа, за која не постојат услови за прогласување на воена или вонредна состојба.

Владата, се пропишува понатаму во законот, донесува одлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон.

По предлог на Владата, за учество на дел од Армијата во справувањето со кризна состојба одлучува претседателот. Силите за заштита и спасување формирани во согласност со Законот за заштита и спасување во кризна состојба учествуваат во отстранување на последиците од истата.

Кои се разликите помеѓу вонредна и кризна состојба

Двете состојби предвидуваат генерално исти мерки, кои би значеле построга контрола и поголеми забрани за граѓаните. Би сакал да направам јасна дистинкција помеѓу вонредна и кризна состојба од правен аспект, посочува адвокатот Глигор Ќатовски.

Прогласувањето на кризна состојба е предвидено со Законот за управување со кризи, кој е понизок правен акт од Уставот. Нашиот Устав познава прогласување вонредна и воена состојба, но не и кризна.

За разлика од вонредната состојба, кризната состојба поставува ограничувања кои може да влијаат врз ефикасноста на владините мерки во справувањето со вирусот. Во согласност со чл. 30 од Законот за управување со кризи: „Кризна состојба се прогласува заради справување со кризна состојба која претставува ризик по добрата, здравјето и животите на луѓето и животните или опасност по безбедноста на Републиката или на нејзин дел“ (како што беше примерот со Дебар и Центар Жупа). Понатаму, во согласност со Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку постои потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа или  ако не се продолжи рокот на кризната состојба, тогаш се преминува на прогласување вонредна состојба.

Разликите помеѓу прогласување кризна и вонредна состојба се следните:

– При прогласување на кризна состојба, Центарот за управување со кризи е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со законот. При прогласување на вонредна состојба, Владата е надлежен орган кој треба да постапува во согласност со Уставот и закон.

– При прогласување на кризна состојба ќе биде потребно на територијата на цела држава да се основаат кризни штабови, што би значело ангажман на голем број на лица, што не е препорачливо имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со коронавирусот. Дополнително, ваквата постапка би траела подолго време, а навременост во постапувањето со коронавирусот е од клучно значење. При прогласување на вонредна состојба Владата преку државниот апарат би можела поедноставно да ги спроведува мерките за превенција и справување со коронавирусот.

– Клучната разлика помеѓу прогласување вонредна или кризна состојба е во ефикасноста на мерките кои може да се преземат со цел превенција и заштита, како и санација на последиците кои ќе ги предизвика коронавирусот. Прогласувањето на вонредна состојба ѝ дава надлежност на Владата да носи уредби со законска сила

Ваквата предност во поглед на ефикасност во спроведување на мерките за превенција, заштита и санација на последиците од коронавирусот може во исто време да значи и опасност во поглед на концентрирање на целата државна моќ само во извршната власт.

Советот за безбедност препорачува прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

М.В