/ Прочитано:

1.827

Синдикатот на УПОЗ бара од МИОА итно да објави упатство за примена на одлуката за флексибилно работно време

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) реагира на одлуката на Судскиот совет која, како што посочува, е донесена вчера и е спротивна на владината одлука за флексибилно работно време.

Од УПОЗ истакнуваат дека ваквата одлука на Судскиот совет е донесена без разговори и консултации со Синдикатот.

„На Судскиот совет изгледа не му било доволно што донел одлука спротивна на одлуката на Владата на Р Македонија, па од таму телефонски се јавувале до претседателите и администраторите во судовите во Р Македонија, со усни упатства одлуката стриктно да биде почитувана и да се изрекуваат казни за секое доцнење бидејќи ваквото работно време било по барање на Синдикатот на УПОЗ и работниците“, наведува УПОЗ во денешното соопштение.

Поради ова, Синдикатот на УПОЗ бара од Министерството за информатичко општество и администрација итно да објави упатство за начинот на спроведување на владината одлука за примена на флексибилно работно време. Во спротивно, велат од УПОЗ, веднаш ќе биде известена Трудовата инспекција со барање да се санкционираат работодавачите кои нема да ја почитуваат одлуката.

М.В