/ Прочитано:

1.300

СЈО обезбеди дел од документацијата од УБК

„Одземени се сите наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите.“

Ленче Ристоска и Катица Јанева, прес за вториот Извештај

Доцна попладнево Специјалното јавно обвинителство успеа да обезбеди од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) дел од документацијата, односно дел од  податоците од системот за следење на комуникациите, како што се податоците за посебни истражни мерки (ПИМ) и книгата за нивна евиденција.

Во официјалното соопштение на СЈО се вели:

„Одземени се сите наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите.“

Обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство по 48 часа обезбедија дел од потребната документација. СЈО пред два дена влезе во УБК со налог од Кривичниот суд и ги побара сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК и кои се прислушувале во периодот од 2008 до 2015 година.

 

А. Б.