/ Прочитано:

1.289

Собранието ќе се распушти во февруари, најави Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска изјави дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа тој како претседател ќе ги распише предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април. Според Уставот, посочи Џафери,  изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието.