/ Прочитано:

1.010

Собранието ќе усвои заклучок во врска со Огласот за избор на член на Судскиот совет

За член на Судскиот совет на Република Македонија се избира лице од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и другите истакнати правници.

Судски совет прослава на Денот на правосудството

На дневен ред на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата  е точката усвојување заклучок по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија ќе врши избор на еден член на Судскиот совет на Република Македонија.

За член на Судскиот совет на Република Македонија се избира лице од редот на универзитетските професори по право, адвокатите и другите истакнати правници, кое е:

– државјанин на Република Македонија;

– дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија, со положен правосуден испит и кое во вршењето на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно дејствување и ужива углед, поседува интегритет за вршење на функцијата член на Советот и поседува социјални способности за вршење на функцијата член на Советот, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тестови.

Пријавата за учество на овој оглас, личната биографија и потребните документи за докажување на исполнувањето на условите од точката 2 алинеи 1 и 2 на овој оглас, во оригинал или копија заверена на нотар, заинтересираните кандидати треба да ги поднесат до Собранието на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Огласот во „Службен весник на Република Македонија“.

Кандидатите полагаат психолошки тест и тест за интегритет во согласност со членот 11-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на РМ“ број 61/2015). Во однос на термините за полагање на тестовите, кандидатите ќе бидат дополнително известени од страна на Судскиот совет на Република Македонија, поради што е потребно во пријавите да наведат контакт-телефон и и-мејл адреса. Трошоците за полагање на психолошкиoт тест и тестот за интегритет паѓаат на товар на кандидатите.

Огласот беше објавен во февруари оваа година.