/ Прочитано:

1.394

Собранието распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

„Собранието на Република Македонија ќе врши избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, се наведува во огласот.

Совет на јавни обвинители, Петар Аневски претседател

Собранието на Република Македонија објави оглас за избор на еден член на Советот на јавни обвинители.

„Собранието на Република Македонија ќе врши избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“, се наведува во огласот.

Заинтересираните кандидати, универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој оглас во „Службен весник на Република Македонија”, до Собранието на Република Македонија треба да поднесат пријава, лична биографија и документи, во оригинал или копии заверени на нотар, со кои ќе докажат дека се универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници.

Огласот за избор на член во Советот на јавни обвинители е објавен во изданието на „Службен весник“ од 29 јуни.