/ Прочитано:

1.387

Соопштение на Државниот завод за статистика за индексите на трошоците на живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,6, а индексот на цените на мало 99,9.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај житата за 3,7 %, другите пекарски производи за 3,6 %, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,2%, другите млечни производи за 2,4 %, брашното и другите жита за 2,2 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1,5 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,4 %, сушеното, соленото и чаденото месо, другите прехранбени производи за 1,3 %, замрзнатото овошје за 1,1 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, безалкохолните пијалаци за 0,9 %, оризот и месото за 0,5 %, млекото, сирењето и урдата за 0,3 %, маслото и маснотиите за 0,2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 10,0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5,7 %, информатичката опрема за 4,1 %, обувките за 3,1 %, авионскиот превоз на патници за 2,9 %, услугите за сместување за 2,7 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1,5 %, гасот за домаќинствата за 1,0 %, цврстите горива за 0,8 %, облеката и поправката на електричните апарати за 0,6 %, терапевтските помагала за 0,3 %, мебелот за домаќинствата и големите електрични апарати за домаќинствата за 0,2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6 %, рибата и морските плодови за 1,3 % и јајцата за 0,3 %.

Во јануари 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 10,4 %, телефонската и телефакс опремата за 9,8 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,7 %, другите лични предмети за 2,5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2,4 %, домашните миленици и сродните производи за 2,2 %, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1,2 %, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1,0 %, станарините и автомобилите за 0,7 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5 %, патниот сообраќај за 0,4 %, лековите за 0,3 %, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0,2 %. Индексот на трошоците на животот во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, забележа пораст од 1,1 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2,3 %.

M.В