Објавени списоци со лични податоци
Почитувани,
Би сакале да ве информираме дека во денешното издание на „Службен весник на РСМ“ бр. 39/2024 објавена е Одлука за исплата на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, по основ на правосилни одлуки на Европскиот суд за човекови права, според која треба да се изврши исплата на досудените износи на жалителите од Република Северна Македонија. Во Одлуката се содржани списоци на над 500 наши граѓани на кои треба да им се изврши исплатата со нивното име и презиме, нивните матични броеви и броевите на трансакциски сметки во банка.
Академик.мк ќе побара официјален став од Агенцијата за заштита на личните податоци во врска со оваа Одлука, односно дали објавувањето на овие списоци значи грубо кршење на правото за заштита на личните податоци според Законот за заштита на личните податоци.