/ Прочитано:

1.218

Соопштение на Судскиот совет за повеќе донесени одлуки

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 328. седница одржана на ден 25.12.2019 година донел повеќе одлуки.

Судскиот совет го усвои Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ. Усвоен е Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители. Усвоена е Програмата за работа на Судскиот совет на РСМ за 2020 година. Донесена е одлука со која за претседател на Основниот суд Струга е избран Ифет Барјамовски, досегашен претседател на Основниот суд Струга и донесена е одлука со која за претседател на Основниот суд Кавадарци е избран Лазар Нанев, судија на Основниот суд Кавадарци. Исто така, известуваат од Судскиот совет, донесена е одлука за формирање на Комисија за рангирање и спроведување на интервју на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители (по пат на ждрепка). Воедно, додаваат од Советот, донесена е одлука со која судија на основен суд е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

М.В