/ Прочитано:

3.965

Совети за правници вработени во компании

Правниците што работат за големите компании се најчесто вклучени и во растот и развојот на организацијата што ја претставуваат. Од нив се бара да обезбедат правни решенија кои се во согласност со бизнис-целите на организацијата и тие се клучни советници при промените во компанијата.

Илустрација, адвокат

При одредувањето на патот на кариерата како правник, секој правник треба да ги има предвид предностите и недостатоците на областа во која ќе работи. Дали ќе работи како правник во адвокатска фирма или во голема компанија зависи од повеќе работи. Американската веб-страница www.abovethelaw.com дава неколку совети кои ќе ви помогнат да се одлучите дали сте подготвени да работите како правник во некоја компанија.

Треба да сте способни да ги забележите потенцијалните проблеми

Секој бизнис е уникатен, а голем број сопственици на компании ги знаат придобивките од тоа да имаат вработено правник во својата компанија, кој ќе може да се справи со повеќе аспекти на нејзината работа, вклучувајќи ги вработувањата, контактите, преземањата и финансиите. Правниците кои се вклучени во сите аспекти на работењето на една компанија имаат способност да ги согледаат правните проблеми пред да се случат и да овозможат проактивен настап за избегнување на потенцијални негативни и скапи ситуации – односно да реагираат пред да се случат проблемите.

Треба да се стремите кон напредок

Правниците што работат за големите компании се најчесто вклучени и во растот и развојот на организацијата што ја претставуваат. Од нив се бара да обезбедат правни решенија кои се во согласност со бизнис-целите на организацијата и тие се клучни советници при промените во компанијата.

Дури и да соработува со надворешна адвокатска канцеларија, добро е компанијата да има вработено правник кој ќе работи директно однатре и кој ќе гарантира дека редовно и навремено се задоволени потребите на бизнисот. Дополнително, правниците ќе можат да помогнат да се избегне преплаќање на услугите и други финансиски стапици.

Треба да имате одлични вештини за меѓучовечки односи

Еден од квалитетите кои треба да ги поседува секој правник е висока емоционална интелигенција и меѓучовечки вештини. Иако најважно од сè e праксата како правник, сепак, работното место на правник во компанија подразбира и социјални вештини кои некогаш се развиваат со текот на времето, а често се и вродени. Колку е помала компанијата, толку е поверојатно дека главниот правник ќе ја има втората или третата позиција во компанијата по извршниот директор и ќе игра клучна улога и како лидер и како ментор.

Треба да бидете флексибилни во однос на финансиите

Доколку станете правник во некоја компанија, не значи дека ќе имате помала плата. Доколку сте успешен на пазарот како правник вработен во компанија, тоа може да значи дека сте на исто или на повисоко ниво од партнер во адвокатска фирма.

Треба да имате познавање од повеќе одбласти

Вообичаено, правникот на компанијата сака да биде вклучен во сите аспекти на бизнисот. Не сака да биде експерт само за бизнисот што го застапува, туку да има и познавање од развојот на бизнисот. Друга предност на работењето како правник во компанија е тоа што ќе бидете опкружен од различни видови професионалци кои работат за заедничка цел. Работењето како правник во компанија најчесто нуди разновидно искуство и спојува различни типови на луѓе кои имаат различно минато и различни интереси во работата.