/ Прочитано:

1.339

Специјалното јавно обвинителство и оваа недела ќе продолжи со распит на лица поврзани со предметите кои ги води

Специјалното јавно обвинителство најави интензивирање на работата во втората половина на август. Оттаму наведоа дека лицата кои се повикани ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околностите по повод сите постапки кои се отворени во овој период.

Прес Специјално јавно обвинителство предмет „Тортура“

И оваа недела ќе продолжат активностите на Специјалното јавно обвинителство во врска со распит на лица кои се поврзани со предистражните и истражните постапки што се водат во ова обвинителство.

Поради тајноста на постапките, од СЈО не откриваат кои лица ќе бидат повикани на распит. Минатата недела на распит во СЈО беа: лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили, Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР. Освен Ибраимовски, кој изјави дека е повикан во врска со нерегуларности при гласањето на локалните избори во Шуто Оризари, останатите кои беа на распит не открија во кое својство се повикани и за кој предмет.

Специјалното јавно обвинителство најави интензивирање на работата во втората половина на август. Оттаму наведоа дека лицата кои се повикани ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околностите по повод сите постапки кои се отворени во овој период.

„Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Поради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, информираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава.

На 15 септември, Специјалното јавно обвинителство треба да го објави извештајот за едногодишната работа. Ова ќе биде втор извештај на СЈО кое, според Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, треба да изготвува извештај за работењето на секои шест месеци и да го достави до Советот на јави обвинители и до Собранието.