„Трезор“ е името на новата истрага што ја најави СЈО
Во кусото соопштение за најавата на прес-конференцијата, од СЈО не наведуваат повеќе детали на што конкретно се однесува новата истрага.
Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага, под името „Трезор“, за која деталите ќе бидат соопштени на прес-конференцијата закажана за утре.
Во кусото соопштение за најавата на прес-конференцијата, од СЈО не наведуваат повеќе детали на што конкретно се однесува новата истрага.
Досега Специјалното јавно обвинителство отвори пет истражни постапки: „Титаник“, „Тортура“„ ТНТ“, „Тврдина“ и „Транспортер“. На годишнината од своето формирање, СЈО поднесе два обвинителни предлози до Кривичниот суд.
Двата предмети се нови, работени по скратена постапка бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвинителни предлози и да ги достави до Кривичниот суд. Бидејќи истрагата е целосно завршена, од СЈО нема да предложат мерки за обезбедување на лицата опфатени во предметите.
Едниот предмет се однесува на уништувањето на документи за да се прикрие незаконското прислушување, а вториот предмет се однесува на протестите пред Општина Центар од 2013 година. Во првиот предмет опфатени се 7 лица кои се осомничени за кривичното дело фалсификување на службена исправа, а во вториот предмет опфатени се 14 лица кои се осомничени за кривичното дело насилство.