/ Прочитано:

1.163

СТАТИСТИКА: Издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2017 година се издадени 230 одобренија за градење, што е за 16.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.  Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.806 255 илјади денари, што е за 13.6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 (68.7%) се наменети за објекти од високоградба, 19 (8.3%) за објекти од нискоградба и 53 (23.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 230 објекти, на 155 (67.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (32.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.  Во извештајниот период е предвидена изградба на 927 стана со вкупна корисна површина од 68 433 м2.

М.В