/ Прочитано:

1.433

СУДЕЊЕ „ДИВА НАСЕЛБА“: Процесот продолжува со сослушување на заштитени сведоци

Минатата недела од Косово беше екстрадиран уште еден осомничен од таканаречената „кумановска група“, Сулејман Османи. Тој треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите 37 обвинети од двата предмети што сега се водат како единствен предмет.

Дива населба, прво рочиште

Процесот „Дива Населба“, за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај минатата година, продолжува и денеска во Кривичниот суд. Пред Судот сè уште сведочат заштитени сведоци, полициски службеници кои учествувале во вооружените дејствија во кумановската Дива Населба.

За сведочењата на заштитените сведоци, Судот го затвори судењето за јавноста. Судењето повторно ќе биде отворено за јавноста по завршување на сослушувањето на заштитените сведоци.

Претходно во Судот беа читани исказите на сведоците кои веќе беа дадени на главната расправа за предметот „Дива Населба“, пред да биде споен со предметот „Молња“ за обвинетите за логистичка поддршка на кумановската група.

Минатата недела од Косово беше екстрадиран уште еден осомничен од таканаречената „кумановска група“, Сулејман Османи. Тој треба да седне на обвинителна клупа заедно со останатите 37 обвинети од двата предмети што сега се водат како единствен предмет.

Судот на почетокот на мај го спои предметот „Дива Населба“ со предметот „Молња“. По спојувањето на двата предмети, Кривичниот суд не можеше да најде соодветна просторија каде што ќе бидат исполнети сите услови за одржување на судењето. Преку барање упатено до Министерството за правда, а со одлука на Владата беше одредено судењето да се одвива во големата сала на Врховниот суд.

Во предметот „Дива Населба“ обвинети се 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичко организирање од членот 394 – а и тероризам од членот 394 -б од Кривичниот законик. Судењето започна на 9 февруари, а на досегашните рочишта обвинетите се произнесоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар и беа сослушани бројни сведоци на Обвинителството: роднини и соседи на обвинетите и полициски службеници учесници во дводневните вооружени престрелки.

Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.

„Дива Населба“