/ Прочитано:

3.679

Судијата Киро Здравев нов претседател на Судскиот совет

Нов претседател на Судскиот совет е судијата Киро Здравев – одлучија денеска едногласно членовите на Судскиот совет.  За заменик на Здравев е избран Селим Адеми, кој во 2013 година по предлог на Собранието на Република Македонија беше избран за член на Судскиот совет.

Киро Здравев, кој е судија во Врховниот суд, за член на Судскиот совет е избран во  2018 година.

Киро Здравев дипломирал во 1981 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положил во 1982 година.

Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – Граѓански оддел.

Во 1988 година е избран за претседател на Општинскиот суд Штип – Кривичен оддел.

Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – Граѓански оддел.

Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија, каде што е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела.

Како судија во Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.

Во 1993 година е член на Иницијативниот одбор за основање на Здружението на судиите на Република Македонија.

Од 1994 до 2002 година е член на Управниот одбор на Здружението на судиите.

Со основање на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ е ангажиран како едукатор за почетна и континуирана едукација.

Член е на повеќе комисии за измена и дополнување на закони и за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.

Во 2001 година со членовите на Одборот на Центарот за едукација бил на студиски престој во Националниот судиски  колеџ во Рино (Невада) и во Вашингтон, САД.

Има објавено повеќе трудови.

Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи.

М.В