/ Прочитано:

1.468

Судскиот совет распиша оглас за избор на судии во Врховниот суд и во апелационите судови

Огласот за избор на судија во Врховниот суд се однесува за избор на судија од граѓанскта област. За Апелациониот суд Скопје огласот се однесува за избор на двајца судии од граѓанската објаст.

????????????????????????????????????

Судскиот совет на Република Македонија донел одлука за избор на седум судии, од кои еден судија за во Врховниот суд и шест судии во апелационите судови во земјава.

Огласот за избор на судија во Врховниот суд се однесува за избор на судија од граѓанскта област. За Апелациониот суд Скопје огласот се однесува за избор на двајца судии од граѓанската објаст.

Огласот за избор на судии во Апелациониот суд Битола се однесува за избор на еден судија кој ќе работи во граѓанската и за избор на еден судија кој ќе работи во кривичната област.

И во Апелациониот суд Гостивар, огласот за избор на судии се однесува за избор на еден судија кој ќе работи во граѓанската и за избор на еден судија кој ќе работи во кривичната област.