/ Прочитано:

1.525

СУДСКИОТ СОВЕТ: Ставовите на претседателот на Судскиот совет изнесени на прес-конференцијата се негов личен став

Судскиот совет денеска објави соопштение во врска со последната прес-конференција на претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски.

„Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија ја известува јавноста дека ставовите изнесени на прес-конференцијата одржана на 4.1.2018 година, а кои не се однесуваат на работата на Судскиот совет на Република Македонија, се негов личен став“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, на прес-конференцијата истакна дека лично има кредибилитет да ги спроведува реформите во правосудството предвидени во Стратегијата за реформи. Тој нагласи дека на  судството му се потребни суштински реформи кои ќе покажат резултати и кои нема да бидат само, како што истакна, реформи на памфлет.

Караџовски побара и повисоки плати за судиите, за судиите поротници и за судската администрација. Македонските судии, нагласи Караџовски, имаат најмала плата во Европа. Ние, истакна Караџовски, ќе се залагаме за подобрување на условите за работа на судиите и за доследно почитување и применување на Законот за судскиот буџет.

На прес-конференцијата Караџовски го критикуваше и начинот на избор на  новиот републички јавен обвинител, поздравувајќи ги критиките на скопски адвокат кој укажа на прекршувањето на процедурата за избор на јавниот обвинител на РМ.

Во врска со СЈО, претседателот на Судскиот совет подвлече дека е неопходно Специјалното јавно обвинителство да стане дел од Јавното обвинителство што е можно побргу, како што е предвидено со Стратегијата за реформи.

Претседателот на Судскиот совет за реформите во судството, за платите на судиите и за изборот на јавниот обвинител

М.В