/ Прочитано:

1.981

Свечено доделување лиценци за адвокати во јунската сесија 2019 година

Триесет и седум адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност во јунската сесија 2019 година.

Адвокатите дадоа свечена заклетва дека должноста ќе ја вршат совесно и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба“, гласи свечената адвокатска заклетва.

Претседателот на Адвокатската комора на РСМ,  Љубомир Михајловски, на новите адвокати им посака успех и изрази надеж дека новите генерации адвокати  ќе внесат нови погледи и напредок на адвокатурата и со тоа ќе бидат гордост на македонската адвокатура.

М.В