/ Прочитано:

1.651

УЈП ја објави најновата Листа на должници бр.3/2017

На најновата листа, како должници се јавуваат 4302 правни и физички лица меѓу кои и АД „Отекс“ Охрид, ЈП „Македонија пат“, ЈП „Македонска радио-телевизија“, ЈП за стопанисување со објекти за спорт на РМ, ЈП „МЖ Инфраструктура“ и други.

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.3/2017 за долгови доспеани до 30.11.2016 и неплатени до 28. 2.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

– повисок од 300.000 денари за правните лица.

На најновата листа, како должници се јавуваат 4302 правни и физички лица меѓу кои и АД „Отекс“ Охрид, ЈП „Македонија пат“, ЈП „Македонска радио-телевизија“, ЈП за стопанисување со објекти за спорт на РМ, ЈП „МЖ Инфраструктура“ и други.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.  Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници. Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

– надлежната регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

– Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.