/ Прочитано:

1.878

УЈП: Обврска за работодавците

Обврзникот е должен месечно да ги врши пресметката и уплатата на придонесите, поединечно за секој осигуреник, врз основа на пропишаната основица за соодветниот месец и врз основа на податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок и придонеси, и да ги достави до УЈП.

ujp-9-smalena-e1360160618926.jpg

Според даночниот календар на УЈП, до 10-ти во месецот работодавците се должни да поднесат месечна пресметка за интегрирана наплата за задолжителни социјални придонеси, на образец „МПИН” и месечен извештај за персонален данок на доход од плати за изминатиот месец, на образец „ПДД“.

Обврзникот е должен месечно да ги врши пресметката и уплатата на придонесите, поединечно за секој осигуреник, врз основа на пропишаната основица за соодветниот месец и врз основа на податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок и придонеси, и да ги достави до УЈП.

Пресметката за плата обврзникот е должен да ја достави до УЈП во електронска форма преку е-пошта или на електронски медиум, со задолжително користење на софтверот за месечна пресметка за плата, придонес и персонален данок.

При доставување на образецот „МПИН” за повеќе даночни обврзници преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk, пресметките за плата треба да се пратат одделно за секој даночен обврзник. Декларацијата и налогот за плаќање ќе се достават на електронската пошта на работодавецот најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Обврзник кој има повеќе деловни единици (подружници) доставува само еден електронски образец „МПИН“, со податоци за вработените од сите деловни единици (подружници).