/ Прочитано:

1.834

УЈП: Проширен е опсегот за примена на повластената даночна стапка за одредени производи

Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примена на повластената даночна стапка и тоа во делот на: производи за човечка исхрана, производи што се употребуваат за исхрана на животни, бебешки производи и училишен прибор

ujp1_620_350.jpg

Владата на Република Македонија донесела Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“,бр.31/16) од 22.01.2016 година, а со примена од 1 март 2016 година, информираат од УЈП.

Со измените и дополнувањата на Одлуката проширен е опсегот на примена на повластената даночна стапка и тоа во делот на:

  • производи за човечка исхрана
  • производи што се употребуваат за исхрана на животни
  • бебешки производи и
  • училишен прибор

Истовремено е прецизирано дека фолиите од пластична маса подлежат на повластена даночна стапка од 5% само ако се употребуваат во земјоделството.

Целосната Одлука во која се вградени и последните измени и дополнувања достапна е на веб страницата на УЈП или директно на следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/125.