Укината Одлуката за применувањето на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар
„Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, бр. 08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар“ бр. 6/2019 од 28.03.2019 година) и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.
М.В