/ Прочитано:

2.412

Унапредување на детските права преку имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Северна Македонија на 2 и 3 април 2019 година зедоа учество на дводневна работилница во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија” во организација на Првата детска амбасада Меѓаши.

„На работилницата учествуваа претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Жаклина Лазаревска, и членовите на двете комисии и нивните заменици: Лидија Тасевска, Весна Дамчевска-Илиевска, Теута Билали, Татијана Лалчевска и Ивана Туфегџиќ.  Во текот на работилницата свое излагање и презентација, покрај претставниците на Првата детска амбасада Меѓаши, имаа и претставници од Младинскиот образовен форум“, информираат од Собранието.

Презентациите беа во насока на унапредување на детските права преку имплементација на Конвенцијата за правата на детето во нашата земја. Исто така, оваа работилница имаше цел да ги запознае пратениците со нивната значајна улога во процесот на подобрување на состојбата со правата на децата во земјата, како и да ја зајакне соработката помеѓу пратениците и граѓанските организации во насока на подобрување на правата на детето.

Исто така, се работеше на акциските планови на Комисијата за образование, наука и спорт и Комисијата за труд и социјална политика, во кои беа вметнати идеи и размислувања за измена на неколку законски решенија со кои би се унапредиле детските права.

М.В