/ Прочитано:

915

Унапредување на соработката помеѓу Здружението на судиите и Адвокатската комора

Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија, Џемали Саити, оствари средба со претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Љубомир Михајловски.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката помеѓу Здружението на судиите и Адвокатската комора. Во таа насока, претседателот Саити ја истакна важноста од почитување на професионалните стандарди и кодексот за етика на двете фели како предуслов за успешно и непречено функционирање на правосудниот систем и владеење на правото. Претседателот Михајловски изрази подготвеност за унапредување на соработката и целосно почитување на нормативните и етички стандарди со цел зголемување на довербата во правосудниот систем.

М.В