/ Прочитано:

840

Уривање на дивоградбата кај „Мавровка“

Започна уривањето на дивоградбата кај ДТЦ „Мавровка“. Уривањето го врши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Во врска со оваа дивоградба вчера Вадата усвои одлука, во која се вели:

„Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорачува на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред ТЦ ‘Мавровка’ КП 8891/3, според имотен лист бр. 110092, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.“

Претходно за дивоградбата МВР поднесе и кривична пријава до Јавното обвинителство.

Кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

М.В