/ Прочитано:

438

Усвоена Одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел

„ Ја информирам јавноста дека на денешната 127 Седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 %.
Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата“, објави денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини.
М.В