/ Прочитано:

1.711

Вељаноски го потпиша Решението, избори на 5 јуни

„Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина“, стои во соопштението.

sobranie akademik.mk

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ги распиша изборите во согласност со неговите надлежности и во согласност со Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

„Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и до Министерството за надворешни работи“, соопштуваат од Кабинетот на Вељаноски.

Собранискиот спикер наведува оти верува дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера.

Одлука за распишување на избори