/ Прочитано:

1.667

Воспоставување и одржување на бизнис-соработка меѓу адвокатската канцеларија и клиентите

Секоја фирма, пред сè, треба да ги задржи и да ги импресионира постојните клиенти и со тоа да покаже дека работи професионално и истрајно во нивниот деловен однос, кој треба да заврши во полза на клиентот. Понатаму, како следен чекор во односот со клиентите е зголемувањето на нивниот бизнис-потенцијал како клучен фактор за понатамошно ангажирање на адвокатската канцеларија која се докажала со своето максимално залагање за клиентот и секако, останување на клиентот како нивни соработник.

Илустрација, бизнис соработка

Според студијата на „БТИ”, консултантска компанија за бизнис-развој од САД,  адвокатските фирми често непотребно се изложуваат на трошоци (пари, време, средства) кои воопшто не се одразуваат позитивно во нивното работење.

Тие утврдиле дека постои несовпаѓање меѓу она што им го нуди компанијата на своите клиенти како реклама и како е тоа навистина во пракса.

Сепак, од компанијата „Лексис нексис”, која се занимава со услуги како што е истражувањето на пазарот и правните ризици, наведуваат дека постои полесен начин кој може да донесе брзи резултати, со користење на посебна маркетинг-стратегија.

Според нив, секоја фирма, пред сè, треба да ги задржи и да ги импресионира постојните клиенти и со тоа да покаже дека работи професионално и истрајно во нивниот деловен однос, кој треба да заврши во полза на клиентот.

Понатаму, како следен чекор во односот со клиентите е зголемувањето на нивниот бизнис-потенцијал како клучен фактор за понатамошно ангажирање на адвокатската канцеларија која се докажала со своето максимално залагање за клиентот и секако, останување на клиентот како нивни соработник.

Адвокатската канцеларија и вработените во неа треба да остават добар впечаток и со добар маркетинг да ги продадат своите услуги, да остваруваат нови контакти и да ги развиваат постојните.

Исто така адвокатите треба особено да внимаваат на ситниците во однос на нивниот бизнис и маркетинг, со тоа што повремено треба да организираат коктел-забави на коишто ќе ги поканат клиентите, ќе им испратат честитки по повод некој празник или за личен успех на физичките лица и фирмите кои им се нивни клиенти.

На тој начин тие ќе станат препознатливи во јавноста и во деловниот свет, што придонесува за стекнување нови клиенти и за зголемување на профитот.