/Прочитано:

843

XXII Ораторска вечер „Иво Пухан“ ќе се одржи на 6 декември на „Јустинијан Први“

На 6 декември по 22. пат на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, под покровителство на „Еуролинк осигурување“, ќе се одржи манифестацијата Ораторска вечер „Иво Пухан“.

Во финалето ќе настапат десет говорници, кои ќе го изразат својот став на слободно избрани теми.

Традиционалните ораторски вечери на Правниот факултет „Јустинијан Први“ го носат името на професорот по римско право д-р Иво Пухан, втемелувачот на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

М.В