/Прочитано:

586

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

Министерката за правда Рената Дескоска на денешната Свечена академија по повод 20 години постоење на нотаријатот во Република Македонија, истакна дека за измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат спротивставените аргументи и на нотарите и на адвокатите, а  со цел да се изнајде решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и на заштитата на правната сигурност.

„Пред моето доаѓање, во Министерството за правда постоела работна група околу измени на законите. Изработен е Нацрт-текст којшто треба да биде разгледан и да се направат консултации. Свесна сум дека станува збор за област која е сензитивна и во која спротивставени интереси имаат различни групи кои работат во сферата на правото, но првенствена цел на Министерството за правда ќе бидат интересите на граѓаните и она што значи интерес на заштита на правната сигурност“ истакна министерката за правда.

„Предлог-текстот ќе биде предмет на разгледување и ќе се дебатира и со Нотарската и со Адвокатската комора. Сакам да ги слушнам аргументите и на едните и на другите, но и компаративните решенија, така што ниту едно решение априори нема предност во овој момент“, подвлече  Дескоска.

Свечена академија по повод 20 години постоење на нотаријатот во Република Македонија

М.В