/ Прочитано:

1.867

ЗАЕВ: Се води истрага за корупција за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци

Граѓани пријавиле корупција кај двајца членови на Владата, по што надлежните органи започнале со истраги. Истрагите, како што истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев, се врз основа на овие дојави, но и дека не може да каже повеќе детали во врска со овој случај.

„Постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција и како резултат на тоа, во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци. Се разбира, ова е само истрага, не можеме да откриваме повеќе детали. Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи еднакво за сите. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ, корупцијата. Само така може да се овозможат нови инвестиции. Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество“, истакна денеска премиерот Заев.

М.В