/ Прочитано:

1.599

Заклучоци од јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Собраниската Kомисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година. На јавната расправа беа донесени следните заклучоци:

  • Владата на РМ Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2013 – 2020 од претходната да го доставува до Собранието на РМ најдоцна до 15 мај во тековната година;
  • Да се воведат деловнички одредби за задолжително организирање на годишна тематска надзорна расправа за напредокот во остварувањето на резултатите од спроведувањето на сите стратешки планови кои Собранието на Република Македонија согласно закон ги усвојува со обврска да го следи нивното спроведување;
  • Воведување деловнички одредби со кои се воспоставува и регулира регистрацијата и акредитацијата на засегнатите страни, со јасно пропишан критериум за учество на организациите од областа на родовата еднаквост во сесиите на работните тела, вклучувајќи ја и експертската поддршка на работните тела на Собранието на Република Македонија за прашања од интерес;
  • Комисијата за еднакви можности на жените и мажите да воведе механизам за разгледување на извештаи во сенка од граѓански организации;
  • Да се унифицира форматот на Годишниот извештај и теркот да се достави до сите министерства и до локалните самоуправи и задолжително во нив да има статистички податоци и да содржи компаративна анализа со претходната година;
  • Да се преиспитаат критериумите за субвенционирање на жените претприемачи, бидејќи се многу строги;
  • Да се зголеми заложбата за квотата 50% за жени на листи како за парламентарните така и за локалните избори и за воведување на квота за жени градоначалнички и за учество во извршната власт, како и за месна самоуправа;
  • Да се воведе сеопфатно сексуално образование како задолжително и за предучилишна и за училишна возраст;
  • Комисијата да ги задолжи сите градоначалници и министри да отворат ново, посебно работно место во систематизацијата за координатор, кој ќе се занимава со прашањето за еднакви можности.

Препораки во Годишниот извештај за спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост

М.В