/ Прочитано:

1.015

Заклучоци од јавната расправата за Предлог-законот за извршување на санкциите

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на својата 62. седница одржана вчера расправаше по Предлог-законот за извршување на санкциите.

Јавната расправа беше со цел преку поширока дебата да се добијат предлози кои ќе донесат трајни решенија за надградување и усовршување на системот за извршување санкции.

Државни институции, невладини организации и други заинтересирани институции и здруженија релевантни во областа во која се донесува Предлог-законот имаа можност да ги искажат своите ставови, мислења, лични искуства и предлози во однос на Предлог-законот, со можност да се преточат во амандмани кои би обезбедиле ефикасно, функционално и применливо законско решение.

Беа изнесени различни и спротивставени мислења, па така заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, беше на став дека предложениот законски текст е подобар од постојниот, додека, од друга страна, пратеникот Трајчо Димков, на чиј предлог се одржува јавната расправа, рече дека ова е најлошиот текст досега.

Во преостанатите дискусии, меѓу другото, беше кажано дека е потребно унапредување на состојбите во затворските установи, нивно категоризирање, доекипирање и стручно надградување на кадарот.

Понатаму, се укажа на потребата од спроведување наменски обуки, информирање за правата и должностите на затворскиот персонал, пристапот до правна помош и постапката за поднесување поплаки и претставки.

Беше упатен апел да се разгледа и состојбата со добивање на бенефициран стаж, промена во начинот на оценување, можноста за унапредување и достоинствени плати, регулирање на системот на казни и награди.

Осудениците, беше истакнато на расправата,  мора да се ресоцијализираат и во тој правец да се работи на персоналот во затворските установи како еден вид педагози затоа што степенот на човековиот развој се мери и со односот кон осудените лица.

Тркалезна маса за пенитенцијарниот систем и пробациската служба

Градот Скопје и Управата за извршување на санкциите потпишаа меморандум за соработка

Примарната улога на затворите е корекција на однесувањето на лицата кои сториле кривично дело

Во подготовка измени на Законот за извршување на санкциите

Електронските алки за следење на осудениците конечно ќе бидат ставени во функција, најавуваат од Управата за извршување санкции

СТАПУВА ВО ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРОБАЦИЈА: Пробациска служба и алтернативни мерки изречени во кривична постапка

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРОБАЦИЈА: Англиски, велшки и хрватски искуства за општокорисната работа и за условниот отпуст

Издржувањето на условниот отпуст во заедницата ќе го намали повторувањето на делата

СЕ ВОВЕДУВА ПРОБАЦИСКАТА СЛУЖБА: Законот за пробација и измените на КЗ пред пратениците

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Донесувањето на Закон за пробација е нужност

ПРОБАЦИСКА СЛУЖБА: Електронски алки за лицата со изречена казна куќен затвор или мерка притвор

М.В