/Прочитано:

371

Законски измени во врска со финансиската помош на ЕУ за земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пристапи кон изменување и дополнување на одредени одредби од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заради негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Северна Македонија.

„Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со Секторска спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија според инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој (ИПАРД)“, се вели во законското образложение.

М.В