/ Прочитано:

2.383

Законските измени за судовите и за Судскиот совет во владина процедура

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 56-та седница, на чијшто дневен ред се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите.

Во образложението на предложените законски измени за Судскиот совет се вели дека основната цел на Законот е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судовите на секои две години.

Основната цел, пак, на предложените измени на Законот за судовите е усогласување со забелешките дадени од страна на Венецијанската комисија  за законите за дисциплинска одговорност и евалуација на судиите од декември 2015 година, препораки со кои се бара да се зајакне квалитативниот критериум во оценувањето на судиите, да се отстрани двојноста на основите за разрешување на судиите.

Во врска со предложените измени на Законот за Судскиот совет и на Законот за судовите, повеќе граѓански организации кои ги фокусираат својата дејност и своите активности кон правосудството и човековите права објавија коментари и забелешки за предложените законски решенија:

Коментари на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите

Коментари на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на РМ и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители

М.В