/ Прочитано:

910

Здружението на новинарите и Народниот правобранител потпишаа меморандум за соработка

Здружението на новинарите на Македонија и Народниот правобранител денеска потпишаа меморандум за соработка.

На денешниот настан беше истакнато дека заштитата на правата на новинарите значи и заштита на правото на информирање, кое произлегува од корпусот на човековите права.

Според Народниот правобранител, во земјава сè уште не се покажало дека има ефективна борба против кршењето на правата на новинарите, особено од аспект на судската пракса.

„Ние секогаш очекуваме однадвор да добиваме пресуди кои потврдуваат дека правата на новинарите во земјава се прекршени“, истакна народниот правобранител, Иџет Мемети.

Според претседателот на Здружението на новинари, Младен Чадиковски, потпишувањето на меморандумот покажува дека остварувањето на правата на новинарите не е важно само за новинарите, туку е важно за целата јавност.

„Слободни и безбедни новинари, кои работат ослободени од стеги и цензури, подобро и поквалитетно ќе ја информираат јавноста, а со тоа ќе влијаат и на остварување на правата на останатите граѓани во општеството“, нагласи Чадиковски.

Новинарите на протест побараа да функционира правната држава и да запре насилството кон нив

Средба на jавниот обвинител на РМ со претставници на Здружението на новинари на Македонија

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА НОВИНАРИТЕ ОТСТРАНЕТИ ОД СОБРАНИЕТО ПРИ ДЕБАТАТА ЗА БУЏЕТОТ

М.В