/ Прочитано:

827

Здружението на судиите во врска со ветингот и за актуелната состојба во правосудниот систем

Управниот одбор на Здружението на судиите на  Република Македонија донесе заклучок во врска со  актуелната состојба во правосудниот систем.

„Расправајќи за актуелната состојба на правосудниот систем, со акцент на јавните повици за ветинг, прочистување, односно проверка на работата на судиите, Управниот одбор на Здружението на судиите, откако дебатираше за поимот ‘ветинг’ и за неговата условеност со поголеми општествено-политички промени и други општествени аномалии (аномалии како замена за зборовите: постоење на висок степен на корупција), целите и резултатите кои треба да се постигнат, заклучи дека нашиот правосуден систем не е во состојба која импонира потреба од една таква широка проверка на работата на судиите надвор од постојните институции утврдени со актуелната законска регулатива.

Управниот одбор ги поддржува активностите на Државната комисија за спречување на корупција и на Судскиот совет на РСМ и смета дека проверката на работата на судиите и нивното однесување е континуирана работа во надлежност на овие две институции, притоа Управниот одбор ги охрабрува судиите да покажат професионалност и интегритет во нивното постапување и соодветно поставување кон новонастанатите состојби, притоа Управниот одбор апелира на воздржаност и негенерализирање при изнесувањето на јавните квалификации за состојбата во правосудниот систем.

Управниот одбор донесе заклучок да се иницира унификација на ставовите со Врховниот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија во однос на ова прашање“, се наведува во заклучокот на Здружението на судии.

Жбогар: Ветингот во судството е последната опција

М.В