/ Прочитано:

613

Заклучок во врска со Препораката на Биро за застапување на РСМ пред ЕСЧП за предметот (Димчевска против Северна Македонија), бр.13919/18, 4.4.23

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), постапувајќи по Препораката на Бирото за застапување на РСМ по предметот (Димчевска против Северна Македонија (Dimcevska v. North Macedonia), бр.13919/18, од 4 април 2023 година), за почитување на правото на правично судење од член 6 став 1 од ЕКЧП, на седницата на ден 01.11.2023 година, донесе:

З А К Л У Ч О К

Препораката на Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за предметот (Димчевска против Северна Македонија (Dimcevska v. North Macedonia), бр.13919/18, од 4 април 2023 година), за донесување од Врховниот суд начелен став или Одделот за казниви дела на Врховниот суд да донесе заклучок, на линија на принципите и ставовите на ЕСЧП изразени во предметната пресуда, со која е констатирана повреда на правото на правично судење од член 6 став 1 од Европската конвенција за човековите права, да се достави до работната група за изготвување на новиот Закон за кривичната постапка, со предлог за проширување на правната рамка и основите за повторување на постапката, заради почитување на правото на правично судење од член 6 став 1 од ЕКЧП.

Образложение

Во врска со дописот и Препораката на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права за предметот (Димчевска против Северна Македонија (Dimcevska v. North Macedonia), бр.13919/18, од 4 април 2023 година), Одделот за казниви дела смета дека насоките дадени во препораката се спротивни на Законот за кривичната постапка, поради што донесе Заклучок истата да се достави до работната група за изготвување на новиот Закон за кривичната постапка.

Ова, имајќи предвид дека во тек е носење нa нов Закон за кривичната постапка, па на овој начин би се озвозможило инкорпорирање на препораките во законот, односно би се проширила правната рамка и основите за повторување на постапката.

Воедно, на овој начин би се спречиле идни слични повреди на Конвенцијата, како оние веќе утврдени од страна на Европскиот суд за човекови права во конкретната пресуда против државата.

 

ОДДЕЛ ЗА КАЗНИВИ ДЕЛА