/ Прочитано:

1.299

СОВЕТУВАЊЕ ЗА АДВОКАТИ И СУДИИ: Улогата на финансиските извештаи како докази

Советувањето ќе се одржи на ден 5 Февруари 2016 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, со почеток во 10 часот.

foto akademik

„Улогата на финансиските извештаи како докази” е темата на советувањето наменето за судии и адвокати од сите апелациони подрачја во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”.

Предавачи на советувањето ќе бидат Татјана Сусулеска, судија на Апелациониот суд Битола и Верица Хаџи Василевс – Марковска, консултант.

Советувањето ќе се одржи на ден 5 Февруари 2016 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, со почеток во 10 часот.

Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk