/ Прочитано:

2.717

Адвокатот Илиевски и поранешниот судија Солев предложени за нови членови на Советот на јавни обвинители

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги предложи поранешниот судија Ангел Солев и адвокатот Ангеле Илиевски за нови членови на Советот на јавни обвинители.

Советот е самостоен орган кој ја обезбедува и ја гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција.

Советот, се пропишува во Законот за Советот на јавни обвинители,  е составен од 11 члена, од кои:
– по функција член на Советот е јавниот обвинител на Република Македонија,
– еден член на Советот избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, од своите редови,
– по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови,
– еден член на Советот припадник на заедница која не е мнозинство во Република Македонија го избираат сите јавни обвинители во Република Македонија, од своите редови и
– четворица членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

M.В