/ Прочитано:

3.017

Адвокатската комора ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри

Адвокатската комора на РМ ги повикува своите членови да се пријават на Адвокатските спортски игри 2017, кои ќе се одржат на 4 и 5 ноември 2017 година.

„Екипите ќе се натпреваруваат во дисциплините фудбал, кошарка, шах, пинг-понг, пикадо, влечење јаже, пливање и други. Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија ќе се одржат на 4 и 5 ноември 2017 година (сабота и недела), во хотелот ’Изгрев‘ во Струга. Почетокот на спортскиот дел е предвидено за во сабота (4 ноември) во 10 часот во спортско-рекреативниот центар ’Тими‘ во Струга.

„Учесниците плаќаат котизација во висина од 2.000 денари за едно ноќевање, додека за две ноќевања (за учесниците кои би пристигнале во петок – 3 ноември) котизацијата изнесува 4.000 денари. Сместувањето е во двокреветни соби. Остатокот од вкупната цена  која содржи ноќевање и полн пансион, изнајмување спортска сала, како и спортски маички, го покрива Адвокатската комора на Република Македонија. Сите заинтересирани учесници може да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија, најдоцна до 30 октомври 2017 година, на е-маил. lawyermk@mba.org.mk“, информираат од АКРМ.

М.В