/ Прочитано:

1.540

Адвокатската комора поднесе барање за приоритет во постапката за вакцинација

Адвокатската комора на РСМ  на 30.3.2021 година поднесе барање за приоритет во постапката за вакцинација до Владата на РСМ и до Министерството за здравство.
Адвокатската комора брои околу 4.700 членови – адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници, кои секојдневно вршејќи ги своите работни ангажмани се движат со голема динамика во судовите, обвинителствата, казнено-поправните установи, Јавното правобранителство, центрите за социјална работа, фирми, многубројни државни институции, банки и други правни лица.
Во текот на дневното работење, образложуваат од Адвокатската комора, пред судовите се закажани огромен број рочишта. Често се случува истите да траат и подолг временски период и се одвиваат во затворен простор. Посебен проблем претставуваат контактите со притворените лица, ситуација која доведува до опасност од ширење на вирусот во казнено-поправните установи каде што овие лица немаат соодветен лекарски третман за ваков вид болести.

„Во барањето, меѓу другото, се истакнува дека адвокатите за вршење на својата дејност се движат и надвор од градовите каде што живеат и притоа стапуваат во контакт со голем број луѓе, државјани на РСМ или странци. Поради сето ова, како и од други причини наведени во барањето, Адвокатската комора побара приоритет во постапката за вакцинација на адвокатите и вработените во адвокатските канцеларии во најскоро време“, нагласуваат од Адвокатската комора.

Потпишан договорот за набавка на кинеските вакцини

Усвоен Националниот план за ковид-19 вакцинација

Ќе се менува Законот за јавните набавки во врска со набавката на вакцини за ковид-19

Дополнување на исклучоците од забраната за движење во врска со странските државјани

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В