/ Прочитано:

1.507

АКАДЕМИК ОБУКА: Имплементација и практична примена на прописите содржани во даночните реформи

На 29.1.2019 година (вторник) Академик ќе одржи обука на тема „Имплементација и практична примена на прописите содржани во даночните реформи“.  Предавач на обуката ќе биде Славко Лазовски – долгогодишен експерт за даночни прашања.

На 1 јануари 2019 година стапија во сила Законот за данок на личен доход и Законот за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка. Со новиот Закон за данок на личен доход се воведуваат нови даночни механизми и правила за пресметка и за регулирање на даночните обврски. Во Законот се уредува начинот на оданочувањето на личниот доход, се регулира кој е обврзник за плаќање на данокот, која е даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, воведени се прогресивни даночни стапки, а дефинирани се и роковите за плаќање на данокот, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.

Дополнително, како дел од даночната реформа, стапи во сила и започна да се применува Законот за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка.

Со овој закон извршено е појаснување и допрецизирање на одредбите што се однесуваат на даночното ослободување за донации; на трансферните цени; на даночните обврски на непрофитните организации; на непризнатите расходи и на други прашања од областа на даночниот систем.

На обуката на Академик ќе бидат разработени најважните сегменти од даночната реформа. Учесниците на обуката ќе имаат можност да се стекнат со знаења за правилна и успешна имплементација на даночните реформи преку практични примери и преку упатства пренесени од долгогодишен експерт за даночни прашања.

Агенда

Новиот Закон за данок на личен доход

  • Видови доход што се предмет на оданочување;
  • Кој е обврзник за плаќање на данокот;
  • Што опфаќа и како се утврдува даночната основа за пресметка на данокот;
  • Во кои случаи наоѓа примена даночното намалување;
  • Примената на прогресивни даночни стапки како клучна новина;
  • Лични примања ослободени од плаќање данок на доход.

Видови доход во согласност со Законот за данок на личен доход

  • Начин на утврдување и основица за пресметка на данок на доход од работа;
  • Што се смета за доход од самостојна дејност и кој е обврзник за негово плаќање;
  • Што се подразбира под доход од авторски и сродни права и определување на висината на нормираните трошоци;
  • Што се подразбира под доход од капитал и како се пресметува даночната основа;
  • Што се смета за доход од осигурување и како се определува основата за негова пресметка;
  • Новини во поглед на определувањето на другите видови доход;
  • Намалувања на даночната основа при извршени вложувања од страна на обврзникот;
  • Начин на утврдување и плаќање на данокот;
  • Рокови за плаќање на аконтациите.

Измени и дополнувања во Законот за данок на добивка

  • Најзначајни измени и дополнувања во регулирањето на данокот на добивка;
  • Прецизирање на видовите приходи за кои непрофитните организации се ослободени од плаќање данок на добивка и на оние за кои се обврзани;
  • Определување на даночната стапка кај непрофитните организации;
  • Што се подразбира под непризнаени расходи;
  • Даночен третман на непризнаените расходи;
  • Определување на трансферни цени и опфат и значење на принципот „дофат на рака“;
  • Методи за утврдување на цената на трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“;
  • Уредување на даночниот третман на трошоците за амортизација на ревалоризираната вредност на материјалните и нематеријалните средства;
  • Определување кои две лица се сметаат за поврзани;
  • Намалување на даночните аконтации кај обврзниците кои донирале средства.
  • Намалување на даночната основа со вложување во материјални средства набавени преку финансиски лизинг;
  • Покривање на загубите на даночните обврзници.

Време и место на одржување на обуката: 29.1.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.