Академик одржа обуки за заштита на личните податоци и за користењето ствари во државна сопственост
Академик одржа обуки за заштита на личните податоци и за користењето и располагањето со ствари во државна и во општинска сопственост.
Пред големиот број учесници на обуката за заштитата на личните податоци се говореше за правната рамка за заштита на личните податоци, за обработката на личните податоци и за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.
На обуката за користењето и располагањето со ствари во државна и во општинска сопственост се говореше за измените во правната регулатива, за клучните разлики во постапките за набавка, за продажбата и давањето под закуп на стварите во државна и општинска сопственост, како и за условите, начинот и постапката за давање на користење на стварите и давање на движни ствари на отпад.
„Обуките во организација на Академик се многу квалитетни во поглед на предавањата и во поглед на организацијата. Се работи за обуки со теми кои се многу значајни за практичното работење на државните институции и на деловните субјекти“, истакнуваат учесниците на обуките.
„Задоволна сум многу од обуката“.
„Обуките на Академик се многу корисни затоа што секој учесник засегнат од темата на обуката има можност да постави прашања и да добие точни одговори, но и да пренесе лични искуства во врска со работењето“.
„Многу професионално организирана обука. Предавачот беше јасен во пренесувањето на темата и во практичното пренесување на искуствата пред учесниците. Треба да се нагласи дека обуките се одржуваат во многу пријатен работен амбиент и во интерактивна атмосфера“.