/ Прочитано:

1.774

Академик онлајн обука: Услови за утврдување способност на економските оператори

На 22.9. 2020 (вторник), од 10:00 до 12:30 часот, преку интернет-платформата Zoom, Академик ќе одржи ОНЛАЈН ОБУКА од областа на јавните набавки, на тема: „Услови за утврдување способност на економските оператори“.

Предавач на онлајн обуката ќе биде Габриела Папеш, која е сертифициран обучувач за јавни набавки, коавтор на повеќе прирачници и брошури од областа на јавните набавки.

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи, економски оператори, членови на комисии за јавни набавки, одговорни лица и вработени во организационата единица за јавни набавки.

Цел на обуката е да се разработи новиот Закон за јавните набавки со акцент на утврдувањето на способноста на економските оператори и да се разјаснат дилемите и прашањата што се отвораат од практичната примена на овој дел од законот.

Како дел од агендата подетално ќе се обработат сите аспекти при утврдувањето способност на економските оператори во текот на спроведувањето на јавните набавки:

  • задолжителни основи за исклучување од постапката;
  • незадолжителни (опционални) основи за исклучување од постапката;
  • способност за вршење професионална дејност;
  • економска и финансиска состојба;
  • техничка и професионална способност;
  • услови за квалитативен избор на економските оператори;
  • стандарди за системи за квалитет и стандарди за управување со животната средина;
  • докази дека не постојат причини за исклучување од постапката;
  • користење способност на други субјекти (поддршка, подизведувачи);
  • има ли можност за дополнување при утврдување на способноста;
  • специфики кај одредени постапки;
  • единствен документ за докажување на способноста;
  • најчести дилеми и отворени прашања на комисиите за јавни набавки при евалуација на понудите, со разгледување на случаи од праксата.

Напомена: можни се измени во агендата во согласност со потребите на учесниците и во зависност од дискусиите што ќе се развијат за време на обуката.

Цената за учество за едно лице е 1.800 денари со вклучен ДДВ.

Плаќањето се врши врз основа на профактура, задолжително пред почетокот на обуката.

Сите заинтересирани можат да се пријават за обуката најдоцна до 21.9.2020 година (понеделник) преку е-пошта на practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации за обуката може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3122 308.

Во пријавата за учество на онлајн обуката треба да ги наведете името и презимето, информациите за субјектот кој ќе го врши плаќањето, адресата за е-пошта која ќе биде користена за да добиете покана за следење на обуката и телефонскиот број на учесникот за контакт.

Учесниците добиваат електронски материјали од обуката, како и сертификат за учество, којшто ќе ви биде пратен по пошта.

Секој учесник што извршил уплата за присуство на обуката ќе добие е-пошта со линк до обуката на е-адресата што ја навел во пријавата за учество на обуката. Задолжително, при најавувањето, учесникот мора да ги внесе името и презимето со кои се пријавил за обуката.

За подетални информации за користењето на платформата Zoom, погледнете на https://akademik.mk/obuka-preku-platformata-zoom/.