/ Прочитано:

1.421

Апелациониот суд Скопје во врска со предметот „Поткуп“: Предметот е вратен на повторно постапување

„Апелациониот суд Скопје, по одржаната јавна седница по предметот познат во јавноста како „Поткуп“, донесе одлука со која го укина првостепеното решение и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот суд. Имено, во текот на постапката и одлучувањето по Предлогот на одбраната за издвојување на докази прибавени со посебни истражни мерки, поставен на рочиште за главна расправа, првостепениот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура кога по Предлогот на одбраната за кој не постоела согласност од странките, наместо одлуката да биде донесена од Советот кој бил во заседание, одлуката дополнително вон рочиште за главна расправа ја донел претседателот на Советот, со што во конкретниот случај излегол надвор од овластувањата утврдени со закон“, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.

М.В