Барањата за финансиска поддршка за месец јуни 2020 се поставени на системот Е- даноци и Е-ПДД
„Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.
За таа цел Управата за јавни приходи ги изготви и постави на системот е-Даноци образецот БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и го изготви и постави на системот е-ПДД образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност.
Во изминатиот период мерката за финансиска поддршка ја искористиле:
За април 2020 година вкупно 19.696 работодавачи , односно 5.707 самостојни вршители на дејност.
За мај 2020 година вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .
Корисни информации:
Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година
Барање за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавач заради исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 (БФП-ИП/1)
Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вондредна состојба
Барање финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност (БФС-СВД/1)“, соопштуваат од УЈП.