/ Прочитано:

1.754

Инфографик за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници

Во периодот од јануари до декември 2019 година, информираат од Хелсиншкиот комитет, беа изготвени 22 барања за вонреден инспекциски надзор и беа дадени 1.073 правни советувања. Со правната и параправната помош беа опфатени 60 конфекции. Ова се дел од податоците содржани во Инфографикот за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници. Информаторот е изготвен во рамките на проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Инфографик за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници, јануари – декември 2019